Анимации

Базен

Главна атракција на Хотел Силекс е базенот на отворено, каде гостите имаат можност да уживаат во најразлични анимативни содржини во текот на денот и вечерните часови: игри во вода, концерти на музички ансамбли и театарски групи, избор на летни убавици, и сето тоа збогатено со послужување на храна и пијалоци на највисоко ниво.

Фитнес

Доколку сакатe да го подобрите Вашиот физички изглед , да ја надоградите вашата издржливост или едноставно да се одржувате во форма, нашата фитнес соба е секогаш спремна за вас и е бесплатна за користење.

Сауна

Oсвежете се во нашата сауна подобрувајќи го своето здравје додека сте наши гости.

Масажа

За врвна релаксација Ви нудиме различни видови на професионални масажи, и тоа во удобноста и приватноста на Вашата соба или во хотелскиот салон за масажа.

Гастрономска анимација

Богатата понуда ја надополнивме и со одлична гастрономска анимација, која ни дава препознатливост и посебност пред другите:

• Македонска вечер:
Неодоливо доживување на македонската традиција и култура, вечер со традиционални јадења, песни и ора, како и презентација на најубавите предели на нашата земја. Запознајте ја македонската традиција преку видео презентација и перформанс во живо на фолклорна група, специјално за нашите гости

• Пикник на зајдисонце:
Организиран пикник за сите гости на хотелската плажа, со специјалитети на жар и музичка програма

• Коктел - забава на базен:
Уживање за нашите гости на базенот со спектакуларно шоу на подготовка разни алкохолни и безалкохолни коктели